Почетоците на „МЕПОС-Оператива“ датираат од постоењето на “ЕМРО” – Кавадарци (електричен дел). Во 1984 година компанијата е дел од ЕЛРО “Електрика”, од чиј оперативен дел подоцна се формира „МЕПОС“ - Кавадарци. Компанијата „МЕПОС-Оператива“ е формирана на 02.02.1996 година во времето на приватизацијата, кога истата станува друштво со ограничена одговорност ДОО “МЕПОС-Оператива”. Вкупниот број на вработени изнесува триесет. Финансиските резултати на компаниjата се секогаш со позитивно салдо, поради што се почесто се инвестира во техничка опрема и основни средства, се со цел побрзо и поефикасно изршување на нашите работни обврски. На овој начин е направен чекор понапред кон кругот на успешни компании од доменот на “МЕПОС-Оператива”, со што таа станува ценета и угледна компанија во регионот.